Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стефан Васев: ВМРО-ДПМНЕ се вознемири, ги боли вистината, Мицкоски да повика на масовна вакцинација

Изјава на Стефан Васев од СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ се вознемири, си го покажа уште еднаш своето лице.

Вистината ги боли, па се обидуваат да ја прелепат, како на овој билброд зад мене.

Мицкоски никако да научи дека нема бегање од вистината, таа не може да се „прелепи“.

Еве му шанса за промена.

Го повикуваме:

Христијан Мицкоски да излезе на прес конференција, да каже – граѓани на Република Северна Македонија, сите да се вакцинирате и да ги почитувате мерките.

Ајде Мицкоски, ти излези пред јавноста и упати јасен повик сите граѓани да се вакцинираат, во интерес на нивното здравје и заштита на колективното здравје.

Не лицемерно, незрело и неодговорно. Без лаги, без измислувања, без манипулации.

Не како досега.

Се друго е продавање магла, евтин популизам пред граѓаните.

На почетокот на август на својата Фејсбук страница Мицкоски објави дека лично веќе бил вакциниран.

Пред неколку дена пак, на први септември, јавно на телевизија кажа дека се вакцинирал еден ден претходно. Затоа што „бил лимитиран„ и не можел да оди по кафани.

Прашањето е сега кога Мицкоски се вакцинирал, на почетокот на август или во вторникот, на 31 август?

Очигледно е дека државата со мерките го убеди антиваксерот Мицкоски да се вакцинира.

Секоја изјава за вакцините му падна во вода.

Ова е крунско признание од лидерот на најголемата опозициска партија дека мерките на државата функционираат.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК