Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

272 санкции за брзо возење

Вчера (02.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 272 возачи. Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа,120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК