29. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коментарите на социјалните мрежи го откриваат разочарувањето на граѓаните од Димитриевски: Автогол Максим, со секоја изјава повеќе тонеш

Откако СДСМ не го поддржа, а тој објави дека на престојните локални избори ќе настапува независно, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски се соочи со лавина критики на социјалните мрежи.

Граѓаните со коментарите јасно му ставија на знаење дека се разочарани од неговото вртење грб на тие кои му ја додоа довербата. Во коментарите поддржувачите му порачуваат дека семејството треба да се почитува и му замеруваат за тоа што откако не ја доби поддршата за кандидатура, започна со критики и ниски удари против партијата во која до вчера беше член.

Меѓу коментарите се забележуваат прашања зошто Димитриевски чекал дури сега за да ја критикува својата партија и јавно да ги изнесе забелешките кои ги имал. Граѓаните прашуваат дали доколку повторно бил кандидат на СДСМ за градоначалник исто така ќе се побунел дека неговата матична партија е узурпирана и шверцерска.

Димитриевски беше исклучен од СДСМ по неговата објава дека на престојните локални избори ќе настапува како независен кандидат со што го прекрши статутот на партијата.

„Одлуката е исправна, ти како член знаеше дека не смееш да настапиш како независен, ама пуста власт е прашање“, „Семејството треба да се почитува, а не да се кажува се пред камери. Проблемите да се решаваат во партијата“, „Додека беше градоначалник тогаш ок ти беше партијата, сега наеднаш не чини“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи со кои граѓаните го искажуваат разочарувањето од вртењето грб од страна на Димитриевски на неговите поддржувачи.