6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се породи трудницата од Авганистан која по слетувањето во Македонија беше префрлена во болница

Се породи трудницата од групата Авганистанци кои синоќа пристигнаа во Македонија. Таа беше првиот патник што се симна од авионот, по што со возило на итната медицинска помош беше однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Од Владата соопштија дека жената заедно со бебето е во добра состојба.

Во друг случај е укажана помош на жена која колабирала при слегување од авионот и таа е во стабилна состојба и се чувствува добро.

„Во текот на наредните денови заедно со ПЦР тестовите ќе се направат и прегледите за проценка на здравствената состојба на граѓаните од Авганистан. Планирани се интернистички прегледи за повозрасните и педијатриски преглед за децата. Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина“, соопшти Владата.

Волонтери на Црвениот крст им поделија пакети со вода, заштитна маска, средство за дезинфекција, маски, основни хигиенски производи, облека како и флаери за мерките во нашата држава поврзани со Ковид-19 вирусот. Во хотелот им беа дистрибуирани пакети за добредојде со дополнителни количини маски, средства за дезинфекција, инфо материјали за градот Скопје, мапа на град Скопје, евидентни листови за посебни барања во однос на здравствената состојба, картички со телефони на Црвениот крст за итни состојби и кутија локум. Црвениот крст во хотелот има 30 дежурни лица, волонтери организирани во три смени кои се на располагање на граѓаните. Учествуваат во подготовка на детско катче, подготовка на инфо катче со 10 лаптопи и интернет пристап. Тие ќе се грижат за дистрибуција на дополнителни средства за хигиена, облека, обувки. Ќе бидат вклучени во активности за спојување на семејствата, и за да пружат медицинска заштита во однос на лекови за хронична терапија. По барање и потреба на граѓаните на располагање има и психолог.

Извршени се потребните гранични процедури и на лицата им е издадена виза за престој на територијата на Република Северна Македонија во времетраење од 90 дена. По привремениот престој во Македонија тие треба да заминат кон САД или трета земја како нивна крајна дестинација.

Владата презеде обврска да обезбеди привремен престој на 780 граѓани на Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

Трошоците за превозот и за сместување на овие граѓани ги покриваат меѓународните организации и САД.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Еве зошто повеќето авиони се претежно бели

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Бебето не се буди само кога е гладно: Три заблуди за неговото СПИЕЊЕ кои го отежнуваат родителството

M T

Трудница во деветти месец се обидела да се самоубие полевајќи се со бензин во Чачак

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Што можете, а што не можете да понесете со себе од авионот – Еве што земаат патниците како сувенири

M T