Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена автоматска пушка во Скопје, приведени три лица

Денеска (31.08.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршија претрес на дом на Џ.Љ. (63). При претресот е пронајдена автоматска пушка од кинеско производство, рамка за автоматска пушка и 40 куршуми калибар 7,62 мм..

За време на претресот С.Љ. (28) се обидела да ја фрли пушката надвор од куќата, но била забележана од полоициските службеници. Џ.Љ., С.Љ., како и Х.Љ. (35) се приведени во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 396 од КЗ.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +