Centar.mk
КУЛТУРАвест

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2021 година

Ве известуваме дека Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2021 година.

Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот трае од 1 до 30 септември 2021 година.

Конкурсот е достапен и на веб-страницата на Министерството за култура: http://kultura.gov.mk/konkurs-za-dodeluvanje-na-drzavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski-za-2021-godina/

Можеби ќе ве интересира

Американската писателка Сара Пеканен доаѓа во Скопје на 25 април

ДЕСК

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

ДЕСК

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК