Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Успешните економски политики резултираат со историски најниско ниво на невработеност од 16%

Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кризата витална, развојна, динамична, велат од партијата.

„Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 досега е зголемена за над 6.000 денари. Денес, стапката на невработеност е на историско најниско ниво од 16 отсто. Одговорните економски политики, новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали до крајот на годината. Последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското производство од 9,5 отсто. Во периодот јануари-јуни извозот на стоки е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто“, се наведува во соопштението.

Дополнителна потврда, велат од СДСМ, за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата во 2021 година ќе излезе од кризата и ќе бележи раст на БДП од 3,7 отсто.

„Од исклучително значење е задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коронакризата, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата. СДСМ како одговорна партија ќе продолжиме со економски политики кои обезбедуваат раст и развој на стопанството, но и подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК