Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Вечерва пристигнуваат последните наши граѓани евакуирани од Авганистан

Од Лондон преку Цирих вечерва на Меѓународниот Аеродром – Скопје, во 19:30 пристигнуваат 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради Ковид мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија, соопшти МНР.

Заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои се очекува да слетаат, исто така, вечерва во Скопје во 1:30 по полноќ, завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан.

Министерството за надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамките на МНР.

Акцијата за евакуација започна на 15 август, со првата група граѓани кои беа евакуирани за Доха, Катар. После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денес, сите наши граѓани се вратени во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК