22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Важно за хормоните на тироидната жлезда: Осум знаци дека на телото му недостасува минералот цинк

За да може нашето тело да функционира правилно, потребно е и доволно количество на минералот цинк.

Откријте во која храна го има најмногу и кои се знаците дека му недостасуваат на телото.

Минералот цинк е еден од петте најважни минерали за човечкото тело, заедно со железо, калциум, магнезиум и калиум. Цинкот има неколку важни улоги во телото, а меѓу другото придонесува за когнитивните способности и меморија како и при помош на телото да произведе важен хормон на тироидната жлезда – Т3. Понатаму, цинкот придонесува за подобра функција на имунолошкиот систем, клеточна поделба, побрзо заздравување на раните и обнова на ткивата и човечкиот раст и развој воопшто, поради што е важно бремените жени да земаат доволни количини од овој вреден минерал.

За да внесете доволно од сите хранливи материи во вашето тело, правило број еден е да консумирате различни видови темнозелен лиснат зеленчук што е можно почесто. Различни видови зрна се исто така богати со минерали, а одличен извор се и јајцата и алгите. Дополнителни количини на цинк, исто така, може да се внесат преку додатоци во исхраната.

Иако телото не бара големи количини цинк, може да се случи на телото да му недостасува. Човечкото тело нема способност да складира резервни количини цинк, што значи дека е важно редовно да се внесуваат доволно количини преку храната.

Недостатокот на цинк може да се манифестира во форма на …

1. … акни, егзема, сув првут, себороичен дерматитис или алопеција
2. … неспецифична улцерација на усната шуплина или бел слој на површината на јазикот
3. … респираторни и гастроинтестинални проблеми
4. … губење на апетит
5. … летаргија
6. … губење на косата
7. … бавно заздравување на раните
8. … паѓање на косата

Бидејќи цинкот добиен од месо се апсорбира многу поефикасно во телото, на вегетаријанците им се советува да консумираат поголеми количини мешунки, соја, грав, ореви и храна од цело зрно.

10 намирници кои содржат најголема количина цинк:

1. Месо (особено црвено, но сепак треба да се јаде умерено)
2. Школки (остриги, ракчиња, шкампи)
3. Мешунки (наут, леќа, грав)
4. Семиња (коноп, лен, тиква или тиквички)
5. Ореви (борови ореви, кикирики, индиски ореви и бадеми)
6. Млечни производи (сирење, млеко)
7. Јајца
8. Цели зрна
9. Некои видови зеленчук (компири, грашок, ќељ)
10. Темно чоколадо