Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредена 18-годишна девојка во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

18-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп, соопшти полицијата.

Имено синоќа во 00.30 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(23) од Росоман, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото З.Б.(18) од с.Трстеник, констатирани во болницата во Кавадарци.

Бил извршен увид на местото на настанот.

Можеби ќе ве интересира

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 24 СТЕПЕНИ – УХМР најавува невообичаено топло време до петок, од сабота заладување

ДЕСК