Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев – Мехај: Честитки за политиките на дијалог и напредокот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се сретна со делегација од Република Косово предводена од министерот за одбрана, Арменд Мехај.

На состанокот се потврдени пријателските односи помеѓу двете држави.

Констатирано е од двете страни дека интеграциите во НАТО значат стабилност и безбедност за државите во регионот и дека овозможуваат економски развој. Изразени се и заложби за евроинтеграциите, како и за примена на европските вредности во земјите, во полза на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и во Северна Македонија и во Косово.

Упатени се честитки до премиерот Заев и до Владата за политиките на дијалог на меѓународен план, што придонесоа во напредокот на Република Северна Македонија и полноправното членство во НАТО, како и очекување за исчекори во европските перспективи.

„ Полноправното членство во НАТО значи стабилност, сигурност и безбедност, но придонесе и за зголемување на интересот на странските инвеститори за вложувања во државата, што има придонес во развојот на економијата. Фокусирани сме да го унапредиме животот на граѓаните со примена на европските вредности, посебно во областа на владеењето на правото и во борбата против криминалот и корупцијата, а придонес на економски план има и концептот „Едно општество за сите“ којшто успешно го развиваме и којшто донесе еднакви права, но и одговорности за сите граѓани“.

На состанокот е оценето дека и Северна Македонија и Косово покажаа ниво на политичка зрелост преку изразената солидарност по развојот на настаните во Авганистан, а беше разговарано и за важноста од солидарност меѓу државите во регионот, Европа и светот, со цел успешно справување со пандемијата, како и за можностите за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Косово.

Исто така, на средбата беше изразена подготвеност од страна на Министерството за одбрана и од страна на Владата, за споделување искуства на советодавно ниво, во делот на НАТО-интеграциите.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК