Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски: После 30 години за прв пат оваа Влада носи Закон за потекло на имот со кој го отвораме патот за одземање на нелегално стекнатиот имот

После 30 години за прв пат оваа Влада носи Закон за потекло на имот со кој го отвораме патот за одземање на нелегално стекнатиот имот, рече вицепремиерот Љупчо Николовски, вечерва за ТВ21.

– Ова e закон за секој што ќе помисли на незаконски начин да се здобива со нелегално стекнат имот и што ќе помисли на незаконски начин да го префрла на трети лица. Оваа постапка ќе биде граѓанска, во која ќе може да се одзема имотот. Праксата да се префрла имот, па да се враќа пак, сега тоа го укинавме. Целиот имот ќе биде проверен. Без разлика за кого се работи. Нацрт верзијата е финализирана и предвидува испитување на потеклото на имотот, не само кај носителите на јавни функции, туку кај сите оние доколку постои сомнеж дека имотот е незаконски стекнат. Законот има за цел да ги ефектуира владините заложби за сузбивање на корупцијата и да го заштити јавниот буџет од какви било корозивни влијанија, какво што е и незаконското богатење, вели Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК