Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Државата почна со поделба на картички за зелена нафта

– Од вторникот своите персонализирани платежни картички ќе може да ги подигнат сите земјоделски стопанства кои спаѓаат во подрачните единици на МЗШВ во Штип, Велес и Свети Николе. Веќе в среда, картички за зелена нафта ќе може да подигнат и земјоделците од Тетово и Боговиње а наредните денови картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево. Од 26 – ти сите земјоделци од Демир Хисар и Битола ќе може да ги подигнат картичките со кои ќе може да точат субвенционирано „еуро дизел гориво“, соопшти заменик министерот за земјоделие Трајан Димкоски на фејсбук

И оваа година се финансираат 50% од утврдените трошоци за гориво за земјоделска механизација, а поддршка доаѓа во вистинско време за земјоделците во пресрет на претстојната есенска сеидба и берба.

Вкупно за оваа мерка обезбедени се 200 милиони денари преку програмата за директни плаќања во земјоделството, соопшти Димоси

Можеби ќе ве интересира

Исплатени 30,3 милиони денари дополнителна поддршка за 243 земјоделци

ДЕСК

Кој колку должи за данок кон државата? УЈП со имиња на фирми и луѓе објави најнованова листа на должници

ДЕСК

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

ДЕСК