Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Обезбедивме нови 60 места во детската градинка „23 Август“ во Берово

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, изврши увид во финалната фаза на четирите дополнителни простории изградени во градинката „23 Август“ во Берово. Со ова се зголеми капацитетот на градинката за уште 60 места за деца во предучилишна возраст.

„Се работи за две нови простории во коишто ќе бидат сместени деца до 2 годишна возраст, а во останатите 2 простории ќе бидат сместени деца од малата група. Со изградбата на овие простории ќе се намали притисокот на децата во претшколска возраст во градинките во Берово. Факт е дека ни се потребни нови капацитете и оттука како ресорно министерство продолжуваме да градиме нови градинките и да ги прошируваме веќе постоечките. За нас секое дете е важно, а предучилишното образование е најважно во развојот на децата“, рече министерката Шахпаска.

Овие 4 простории се изградени со средства на Министерството за труд и социјална политика и со поддршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка со прект преку УНДП.

Исто така таа посочи дека во изминатите 10 месеци отворени се 15 нови градинки, а до крајот на 2021 годината ќе бидат отворени уште 10 нови детски градинки.

Можеби ќе ве интересира

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРА ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРУПЦИЈА – Целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК

Серафимовска-Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура – шефот и банкарот на ОКГ

ДЕСК