15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Град Скопје – Набавени над 130 комунални возила и автобуси во еден мандат (фото)

Денеска претставуваме дел од набавената механизација за градските јавни претпријатија. Велам дел, затоа што најголемиот скопски паркинг е премал да ја прими целокупната мехнизација која ние како Град Скопје и како јавни претпријатија успеавме да ја набавиме во овој, скоро четиригодишен период со цел да го подобриме квалитетот на услугите на градот и да покажеме и докажеме што е всушност приоритетот во трошењето на градските буџетски пари, соопшти градоналникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– „Комунална хигиена“ во изминатиот четиригодишен период има набавено вкупно 51 ново возило. Кога дојдов јас за градоначалник јавното претпријатие „Комунална хигиена“ имаше 7 прскалки и една дефектна. Во овој момент располагаме со 20-на возила за миење на улиците. Тука влегуваат 29 камиони за собирање отпад од садови со различен капацитет и вид на отпад, 5 автоцистерни, 5 самоподигнувачи, 10 метларки за чистење на јавни површини и 2 кипери.

ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси, од кои единечни се 21, а зглобни се 12. За „Водовод и канализација“ за истиот период набавени се вкупно 21 возило од кои 2 цистерни под притисок, 2 цистерни на вакуум, 2 теренски возила, 11 товарни возила, 2 градежни машини – комбинирани и 2 пумпи за канализација.

„Дрисла“ ја вративме во Скопје. Во изминатиот период „Дрисла“ финансиски ја консолидиравме, но успеавме да набавиме и нови 2 теренски возила. И, за крај, она што е најдобро меѓу комуналните возила, тоа е противпожарната скала – прва ваква опрема на територијата на нашата држава, но и прво вакво возило кое што градот го има купено со свои средства, соопшти Шилегов.