22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Туристичко-угостителската комора бара измени на мерките

Угостителите бараат од Владата да направи измени на најновата Одлука за превентивни препораки и мерки која стапи на сила пред два дена. Тие се жалат дека со новите мерки им се намалува обемот на работа.

„Во одлуката е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид на угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена. Сметаме дека тука треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен ПЦР тест или антиген тест. На тој начин повторно се внимава на заштита на здравјето, но се создава дополнителна можност за да не бидат изолирани лицата кои не се вакцинирани, а сепак имаат стекнат имунитет или со тест докажуваат дека не се носители на вирусот“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.

Одлуката предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови. Но, угостителите сметаат дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена, треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста.

„Исто така укажуваме и на потребата спроведувањето на мерките и нивното почитување да се прави без исклучоци, бидејќи сме сведоци на ситуации каде во одредени угостителски субјекти континуирано не се почитуваат мерките и препораките, а при тоа не се соочуваат до последици, напротив претставуваат нелојална конкуренција. Покрај тоа што веќе истакнавме дека вработените во угостителските објекти немаат правна надлежност и овластување за барање на документи за, лична идентификација од посетителите, а исто така укажуваме и на опасноста од појава на фалсификувани потврди за вакцинација или за прележан вирус, за кои вработените во угостителските објекти немаат никаква надлежност. Ако инспекциите утврдат таков случај, одговорност треба да се бара од носителот на сертификатот а не од објектот“, истакна Ангеловски.

Ана Марија Алексова, член на ТУК презентираше дополнителни барањата кои се однесуваат на секторот туризам.

„ Во одлуката во која се регулираат новите мерки е дозволено за да се влезе во државата, покрај поседување на сертификат за примена вакцина или потврда за прележан вирус да се одбере и можност 7 дневна изолација. Во овој дел бараме изолацијата да може да биде прекината по приложен негативен тест. Тоа значи дека граѓаните на самите гранични премини да се земат документ за самоизолација, а истата да може да биде прекината со приложување на негативен PCR тест или антиген тест уште во наредните 24 часа. Исто така потребно е во меѓуграничните зони да се воспостави можност за изработка на тестови за ковид-19 кои ќе бидат по достапни цени. За намалување на трошоците на граѓаните добро во мерките да се предвиди можноста за влез во државата со негативен селф антиген тест, кој може да се купи во аптека, истакна Алексова.

Таа потенцира неопходно е да се земе во превид дека воведувањето на новите мерки и рестрикции значи сериозно ограничување во работата на туристичко-угостителскиот сектор поради што и треба да се планираат економски мерки за поддршка.

Можеби ќе ве интересира

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

СДСМ: Се грижиме за земјоделците 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година

M T

Ангеловска-Бежоска ‒ Милер: Мерките на Народната банка се наменети за задржување на макроекономската стабилност

M T

Стапуваат на сила мерките за штедење на струја, институциите ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

M T

СДСМ: Мерки против глобалната криза, државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата

M T

Тренчевска за „Пензионер“: Подобрување на квалитетот на животот на највозрасните преку усогласување на пензиите и други мерки, е мој приоритет

M T