7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Се сомневам дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса ќе гласаат еден за друг

„Ја повикувате во коалиција Левица, која е против НАТО, се исмејува на САД, ЕУ, соседите, Албанците, а во меѓувреме влегувате во коалиција со албанска политичка партија и токму оваа безидејност на Мицкоски ќе ниже порази на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна премиерот Зоран Заев, во интервју на Сител телевизија. Тој додаде дека етноцентрични политики не се добри за никого и изрази скепса дека ќе биде успешна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците за претстојните локални избори.

-Јас сум убеден дека поддржувачите на Алијанса нема да гласаат за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но и обратно, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за кандидат на Алијанса за Албанците, рече Заев.

Прашан дали би коалицирал со Левица, бидејќи тие ја одбиле понудената рака на Мицкоски, Заев одговори дека тоа не доаѓа предвид, кога таа партија е против НАТО, ЕУ, САД и, како што вели, штом дојдат на власт ќе не скараат со соседите.

– Јас напротив верувам во подадена рака, дипломатија, кроткост, а квази политиките што се популистички не му требаат на нашиот народ. Влада со радикални политички ставови не му треба на никој. Ги видовме Златна зора, ВМРО-БНД, добиваат поддршка еднаш и ги нема, изјави Заев.

Тој изрази увереност дека СДСМ ќе победи на претстојните локални избори, бидејќи ја имаат најдобрата понуда и водат на анкетите.

-Победата ќе биде поголема од разликата што ја имавме на парламентарните избори. Очекувам победа во прв круг и во Град Скопје. Очекувам потоа две години и половина да немаме избори и фокусот да биде ставен на економијата, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК