22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Танески: Охрид бележи успешна туристичка сезона, мерките лесно ќе се спроведуваат со растот на процентот на вакцинирани

Хотелиерите задоволни од годинешната сезона. Порталот Охрид1 јавува дека и покрај пандемијата капацитетите биле целосно исполнети, како во хотелите, така и во приватното сместување.

Пратениткот од СДСМ Лазе Танески, кој воедно е и сопственик на два хотели во Охрид во интервју за Охрид1 вели дека е задоволен од сезоната.

Капацитетите беа целосно исполнети, дојдоа домашните гости, не не одминаа ни туристите од Србија, а има и туристи од Албанија, а иако малку, сепак се вратија и туристите од Европа ( од Полска и Холандија ) како и од Турција. Тоа се уште не е како пред кризата со „Ковид 19“, но не е ни како лани кога странци скоро воопшто немаше. Место за незадоволство заради отсуство на туристи нема бидејќи реално летово работевме. Искрено кажано остваривме приходи и можеме да се подготвуваме за следни предизвици кои ќе ги носи времето, вели Танески.

Прашан за воведувањето на новите рестрикции, Танески вели дека мерките се неминовни за да се зачува здравствениот систем.

И до сега мерките се воведуваа со цел да се намали притисокот на болниците и тоа успешно се направи. Мерките кои се нови се однесуваат на вакцинираните и не вакцинираните граѓани и не се нови во Европа и светот. Тие мерки во западна Европа постојат од како почна вакцинацијата. Мислам дека спроведувањето на тие мерки е изводливо со контрола на државните органи, поточно на инспекциите и полицијата. Мислам дека лесно ќе се спроведуваат овие мерки со растот на процентот на вакцинирано население. Колку повеќе вакцинирани толку полесно ќе е овие мерки да се спроведат. Затоа апелирам и во оваа прилика, сите ние да ја слушаме науката и да не подлегнуваме на други мислења или кампањи кои се прават и да се вакцинираме. Секој кој не се вакцинирал да ја слуша само и само науката бидејќи единствено таа е меродавна и реална да елаборира за болести и вакцини. Се друго е со други цели кои не ни носат добро ни лично нас за нашето здравје , ни на нашата економија ни на човештвото воопшто, рече тој во интервјуто.