Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски: Од Авганистан доаѓаат високообразовани луѓе, борци за човекови права

Сојузничките сили на НАТО учествуваат во  хумано прифаќање на граѓаните кои треба да бидат овде па да заминат во трети земји, станува збор мисија на ОН, САД, НДИ или невладини организации со човекови права. Не станува збор за мигранти што го напуштаат Авганистан, туку од луѓе кои од хуманитарни причини ги прифаќаме како држава, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на ТВ21.

– Околу 450 лица, ќе бидат сместени во хоители и престојот ќе го плати организацијата за која работеле, лекарски прегледи и се друго, АНБ и МВР спроведуваат постапка за добивање на виза, ги очекуваме податоците, за 6 лица има потврда, за 180 потврдуваме. Со оглед на тоа дека работеле за САД и меѓународни организации се разбира веќе и биле проверувани, но ние спроведуваме пороверка. Не станува збор за екстремити, милитанти, тоа се високообразовани луѓе кои се занимавале со човекови права, рече тој.

Спасовски појасни дека овие луѓе не сакаат да се соочат си репсија од структурите во Авганистан но неочекува дека бројката ќе се зголеми, иако секоја земја  одлучува колку лица може да смести.

– Околу 70 држави учествуваат во прифаќање на  овој наплив, а ние овој хуманитрарен гест треба да го понесеме како партнери за да подоцна тие луѓ се се упатат кон крајната дестинација, рече тој.

Можеби ќе ве интересира

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија и ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес

ДЕСК

Манасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач

ДЕСК