Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пировска: Не подлегнувајте на лажни вести и имајте на ум дека за спасување на човечки животи се работи

Прифаќањето на цивили од Авганистан од страна на нашата земја е хуман и солидарен гест и е дел од меѓународна хуманитарна акција која ќе се спроведува деновиве, пишува Уранија Пировска на социјалните мрежи.

– Во периодов, напливот на лажни вести ќе биде зголемен и со тоа ќе се зголемува и нивото на ксенофобични испади. Сето ова се случува во период пред избори и се ќе биде пуштено на најјако, што е нешто што многу пати до сега сме го виделе. Не подлегнувајте на лажни вести и имајте на ум дека за спасување на човечки животи се работи, додаде Пировска.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски на средба со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

C +

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, станаа малкумина екстремно богати, затоа има разочарување и иселување, но само дома си е дома

ДЕСК

Николоски: Рекордна реализација на капиталните инвестиции- Министерство за транспорт со 65%, а цела Влада со 32% во првите три месеци годинава

ДЕСК