24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Уганда – освојувачите на медали на Олимпијадата добија доживотна плата, автомобили и куќи

Спортистите од Уганда кои освоија медали на Летните олимписки игри во Токио ќе добијат доживотна плата, автомобили и куќи.

Освојувачите на златен медал ќе добијат доживотна плата од пет милиони угандски шилинзи (1.200 евра). Златните олимпијци од Уганда, исто така, ќе добијат нови автомобили, а Владата ќе изгради и ќе им даде семејни куќи.

Добитниците на сребрени медали ќе добијат доживотна плата од три милиони шилинзи (725 евра), додека освојувачите на бронзен медал ќе добијат еден милион домашни шилинзи (240 евра) месечно.

Златни медали за Уганда на Олимписките игри во Токио освоија атлетичарот Џошуа Чептегеи во трката на 5.000 метри и атлетичарката Перут Чемутаи на 3.000 метри со пречки. Чептегеи, исто така, освои сребро во трката на 10.000 метри. Јакоб Киплимон освои бронзен медал во трката на 10.000 метри.