Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција

Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоциј, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар“, велат од партијата.

Наместо тоа додаваат од таму, коалицијата на власт даде предност на криминалот, наместо соживотот.

„Најголемата закана за рамковниот договор е токму власта која го поделува народот на тие кои се со нив и народот кој не е. Воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните. Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК