Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Симовски: Методологијата е заснована на правила на ООН, да не се бара алиби за пописот

„Пописот е законска обврска, задолжителна активност, а има и санкции за неучество, но се надевам дека на нив нема да помислуваме“, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во гостување на Сител телевизија. Тој потсети дека властите не спроведуваат попис затоа што некому тоа му текнало, туку поради фактот што на државата и економијата е потребни се податоците.

-Добра школа ни беше пропаднатиот попис од 2011 година, бидејќи сега бизнис секторот е останат без податоци на кои треба да ги темели своите анализи. Чиста манипулација прават оние што велат да не се отвори врата, истакна Симовски.

Тој додаде дека некој си бара алиби од причина што не сака попис.

-Методологијата е изработена врз меѓународни правила, на Обединетите нации, не ги измисливме ние. Тие важат за цел свет. Тие предвидуваат оние што се надвор повеќе од една година да влегуваат единствено во графата „нерезидентно население“. Очекувам да имаме целосно успешен попис, тоа е во интерес на сите, бидејќи во спротивно губиме сите. Маргинални сили тврдат дека е лоша методологијата, биле договорени бројките и слично, но апелирам да не се потпаѓа под вакви влијанија. Ние како институција треба да дадеме реална слика за општеството и државата, порача Симовски.

Можеби ќе ве интересира

НОВА АНКЕТА ЈА ОТКРИ ПОЛИТИЧКАТА СЛИКА – ВМРО-ДПМНЕ со 24%, СДСМ со 8,5%, еве ги рејтинзите на сите партии

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК