Соопштение на СДСМ, лиферувано утрово:
Политичкиот пироман Христијан Мицкоски наместо да повика на строго почитување на новите мерки за заштита на граѓаните и масовна имунизација упорно застанува против мерките со што нанесува директна штета на здравјето на граѓаните.
Ниту една опозиција не делува толку деструктивно, како тоа што го прави Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Од самиот почеток на кризата, Мицкоски презема нечесни чекори за да го поткопа здравствениот систем, да поттикне непочитување на мерките.
Граѓаните не заборавија дека токму Мицкоски бесрамно лажеше дека нема доволно тестови, дека нема опрема, дека немаме капацитет да се справиме со вирусот.
За сето тоа време додека пласираше лажни вести го гледавме на слики по кафеани и теретани.
Сега се шират нови невистини за мерките.
Мицкоски буквално ги исфрла сите свои фрустрации врз граѓаните, врз институциите, врз државата.
Со својата деструктивност и неодговорност Христијан Мицкоски претставува најголема опасност по здравјето на граѓаните.
Зголемениот раст на новозаразени од Ковид-19 повикува на одговорност и разум од секој поединец, а кај Мицкоски ги нема ниту едното ниту другото.
Овие сериозни недостатоци Мицкоски го прават политички и медицински пироман.
Од исклучителна важност е почитувањето на мерките и што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период. Не наседнувајте на дезинформациските кампањи кои ги пласираат неодговорните политичари.
Вакцините се најефикасна алатка за справување со пандемијата. Тие штитат од сите форми на вирусот, а мерките се неопходни за заштита на граѓаните и колективното здравје. Затоа и се применуваат во многу други земји ширум светот.