Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Невреме со силен ветер и град во Преспанскиот Регион

Вчера попладне ашата земја беше зафатена од нестабилна воздушна маса, претежно во западните делови.

Во Преспанскиот Регион имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, информира УХМР.

Според последните податоци, до 20 часот бил наврнат воден талог од 18 литри на квадратен метар во Тополчани, 15 во Маврово, 7 во Прилеп, по 5 литри на квадратен метар во Тетово, Битола, Попова Шапка, по 3 во Претор и 2 литра на квадратен метар во Берово.

Ветерот во Охрид бил со брзина од 63 километри на час, во Скопје на Зајчев Рид дувал ветер од 58 километри на час, исто и во Битола, а во Штип дувал ветер со брзина од 45 километри на час.

Можеби ќе ве интересира

Најмногу снег на Попова Шапка

C +

Јаневска: Зајакнувањето на критериумите за напредување во наставно-научните звања е клучно за повисок квалитет на високото образование

C +

Филипче на Свети Трифун: Помалку пари, пониска цена, власта ги остави лозарите без поддршка

C +