Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кој сака на кафе, нека се вакцинира, порача Бектеши

Кој сака да посетува кафани и кафулиња и ресторани нека си се вакцинира. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција. Тој појасни дека потврдите за вакцинирање ќе се бараат на влез на угостителеските објекти.

При влез на секој гостин во угостителски објект ќе се бара потврда за вакцинација и тоа ќе го прават редарите што ќе ги организираат менаџерите на угостителските објекти, тоа е нивна обврска. Но, угостителските објекти што имаа капацитет помал од 30 луѓе немаат обврска да органзираат редарска служба. Во објектите кои имаат обврска да организираат редари ако најдеме невакцинирано лице, казна не плаќа тоа лице туку угостителот, објасни Бектеши.

На новинарското прашање дали ова значи дека во кафуле со помал капацитет од 30 луѓе може да се оди невакциниран, тој децидно кажа: „Не“, објаснувајќи дека иако нема да има редарска служба во овие објекти, Државниот пазарен инспекторат може да изврши контрола. Остана нејасно – што во таков слулчај, дали некој ќе биде казнет?

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК