Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Фатени на дело – Полицијата уапси две млади лица поради кражба во Гази Баба

На 08.08.2021 околу 15.30 часот во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени од слобода се Е.А.(29) и Л.А.(23), двајцата од Скопје. Постапувајќи по пријава, тие биле фатени веднаш по извршено кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се најдени украдените предмети, кои се одземени и вратени на сопственикот.

Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, по документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.236.ст.1.од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +