Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

330 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (08.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи.

Од нив, 33 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 171 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 159 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

До 1 септември ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода ќе добие нова спортска сала

ДЕСК

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

ДЕСК

Првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, Беким Сали учествува на Самитот на верските заедници на Балканот

ДЕСК