Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Тешка ноќ на истокот: Пожарот од Свети Николе се шири накај штипско Кадрифаково и околината, Николов порача – Сите заедно сме на нозе, заедно со група граѓани ги помагаме за побрзо локализирање на пожарот

Поради силниот ветер, пожарот од светиниколско, брзо се прошири накај штипскиот дел. Пожарот беснее кај Кадрифаково,Криви Дол и Доброшани, соопшти градоначалникот на Штип, Сашко Николов кој вечерва е на терен.

– Сакам да ги известам граѓаните дека навремено се мобилизиравме и сложно се организиравме сите со цел да спречиме ширење на пожарот!
На терен веќе се противпожарните екипи од Штип и од Свети Николе и заедно со припадници на Армијата и полицијата се борат со пламените јазици. Обезбедени се цистерни со вода како и багери од ЈП Стипион и ЈП Исар. Сите заедно сме на нозе, заедно со група граѓани ги помагаме за побрзо локализирање на пожарот. Апелирам до граѓаните да останат смирени и да ги следат насоките од надлежните институции. Во моменов преземаме се’ пожарот да не се прошири и целосно да се изгасне, порача Николов.

Можеби ќе ве интересира

Пет лица вмешани во паниката во Тетово: Полицијата приведе малолетници

ДЕСК

Драма со бебе во Радовиш: Малолетници го носеле, па забележале крв на главата

ДЕСК

Малолетник предизвика сообраќајка во Гевгелија и побегна – возач тешко повреден

ДЕСК