Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени две лица на автопатот Тетово-Гостивар, пронајдени кокаин и марихуана

На 05.08.2021 околу 17.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар на автопатот Тетово-Гостивар, при влез во Гостивар, биле лишени од слобода А.Ж.(41) од Скопје и В.С.(24) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, при контрола на патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ж., каде како сопатник бил В.С., биле пронајдени пакување марихуана и пакување кокаин. Двете лица се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар, а по документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК