Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Поведена истрага за неовластено поседување муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 26-годишник, во својот дом на ул. „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, неовластено држел муниција која на граѓаните им е забранета – 62 куршуми со различен калибар. Муницијата била пронајдена при претрес во домот на осомничениот во текот на вчерашниот ден.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.

Можеби ќе ве интересира

Црниот пазар ќе ги „голтне“ младите и буџетот

ДЕСК

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК