Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Евакуирани две лица од пожарот во Прилепско

Две лица на возраст од 80 и 88 години се евакуирани во прилепското село Ракле каде што беснее пожар.

Според информациите на МВР, околу 14 часот, по добиена пријава дека во село Ракле има две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години, кои се во опасност поради настанат пожар на тоа подрачје, полициски службеници се упатиле на местото.

За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп во домот на нивниот син.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК