Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август

Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, е продолжен до 12 август.

Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да направи избор на најдобрите кои ќе го спроведат попишувањето на терен, го продолжи јавниот конкурс за пријавување и ги повикува сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Останатите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила, соопшти Државниот завод за статистика.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК