17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, закажа седница на Главниот штаб за управување со кризи.

„На седницата ќе донесеме Акциски план за справување со зголемениот број на пожари“, соопшти Ангелов преку социјалните мрежи.

Претходно, директорот на ЦУК, заедно со директорите на БЈБ Сашо Тасевски и на ДЗС Беким Максути и армискиот генерал Орце Јордев со полициски хеликоптер извршија извидување над подрачјата зафатени со поголеми пожари.

Можеби ќе ве интересира

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе емитувам во живо

M T