Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска беше домаќин на премиерите на РС Македонија, Зоран Заев, Албанија, Еди Рама, како и Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кои се во посета на Скопје во рамки на одржувањето на регионалниот деловен економски форум.
Шилегов со гостите прошетаа по новиот Кеј 13 Ноември, што има ново партерно уредување, патека за лица со инвалидитет, нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.
Премирот Рама и Претседателот Вучиќ се во посета на Скопје во рамки на одржувањето на Економскиот форум за регионална соработка, каде што учествуваат над 350 компании од Западен Балкан, а се очекуваат над 400 билатерални средби на бизнисмените.