22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Во Битола го отворивме и вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства, воведуваме нови социјални услуги како дел од социјалната реформа

Во Битола денеска се отвори вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во државата, како дел од ЈУ„Домот за доенчиња и мали деца“во Битола. Тој ќе понуди поддршка на 113 згрижувачки семејства кои се грижат за 169 корисници од Пелагонискиот и југозападниот плански регион.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска смета дека отворањето на центарот во Битола е уште еден доказ, како едно општество се грижи за најмладите, особено за децата без родители и родителска грижа.

„Најдобрата средина за воспитување, за подигање на децата и среќно детство е биолошкото семејство, меѓутоа децата кои од различни причина останале без родители и без родителска грижа, најблиска до нивната природна средина, се згрижувачките семејства. Со отворањето на Центарот во Битола, порачуваме дека згрижувачките семејства претставуваат најзначајна алка во системот на социјалната заштита. Во Центарот ќе добиваат стручна поддршка од тим кој ќе учествува во нивното воспитување, подигање, во пристапот до здравствената заштита, но и можноста за образование“, рече министерката Шахпаска.

Министерката Шахпаска рече дека како земја имаме искуство со воспоставување на услугата грижа на деца во згрижувачки семејства. Според неа ова е начин кој пред се претставува вистинска грижа за децата и голема поддршка за згрижувачките семејства , а успех за министерството и Владата.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска изрази голема благодарност до Министерството за труд и социјална политика и Британската амбасада за поддршката кон згрижувачките семејства која ја добиваат со отворањето на новиот Центар за згрижувачки семејства во Битола.

„Ова е исклучително важно за нашата општина, имајќи ја во предвид нашата сензитивност кон политиките за социјална заштита. И воедно претставува подобрување на пристапот до социјалните услуги за нашата локална заедница бидејќи директни придобивки добиваат сите граѓани од овој регион, на кои овие услиги им се потребни“, рече Петровска.

Градоначалничката Петровска информираше и дека во Општина Битола во моментов се градат и две детски градинки, со кои ќе се обезбеди значајно зголемување на опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во земјава, посочи дека секое дете има право да порасне во семејство кое го поддржува и кое се грижи за него.

„ Во изминатите години, заедно со УНИЦЕФ и со Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија, ние работевме кон остварување на оваа цел. Ние го поддржавме процесот на деинституционализација и дизајнирање на услуги засновани на потребите на заедницата, а се со цел да бидеме сигурни дека децата и семејствата добиваат поддршка која им е потребна во местата во коишто живеат“, истакна амбасадорката Галовеј.

Британската амбасада во земјава, обезбеди техничка и финансиска поддршка за реформите во областа на згрижувањето како социјална услуга.

Директорката на ЈУ Домот за доенчиња и мали деца, Елена Николовска посочи дека ова претставува потврда за успешната трансформација на институцијата, како дел од процесот на деинституционализација во земјава.

„Покажуваме јасно дека објектот, имотот и сите ресурси со кои располага установата ќе продолжиме да ги користиме за да нудиме современи, нови социјални услуги согласно потребите на децата. Новиот центар ќе го промовира згрижувањето и ќе мотивира нови згрижувачи да обезбедат семејна средина за деца без родители или без родителска грижа од пелагонискиот и во југозападниот плански регион. Воспоставувањето нови социјални услуги не води кон губење на работните места; напротив, нашиот колектив се зајакнува со нови стручни лица и нововработени колеги. На почетокот од работата, предвидениот тим за центарот го сочинуваат вкупно 16 вработени,“ изјави Николовска.

Во моментот во државата, 300 згрижувачки семејства се грижат за околу 500 деца. Во реализацијата на социјалната реформа е и отворање на Центарите за поддршка на згрижувачките семејства за децата без родители.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Финасиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

Ковачевски: 400 милиони евра поддршка за животниот стандард и економската стабилност

M T

Стабилноста на финансискиот систем – поддршка на домашната економија

M T