22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Народна банка посочена како лидер во регионот во поддршка на финтек-секторот

Народната банка е лидер во регионот на Западен Балкан во активностите за поддршка на развојот на финтек-секторот. Северна Македонија е единствената земја од регионот чијашто централна банка го има мапирано финтек-екосистемот. Другите земји од регионот се во фаза на почетни активности – на ниво на обуки и работилници, измени и поставување финтек-регулатива. Северна Македонија е единствената земја во којашто централната банка веќе иницира подготовка на конкретна национална Стратегија за поддршка на финтек-секторот.

Ова се дел од констатациите изнесени на виртуелниот настан на којшто беа презентирани резултатите од Анкетата и Студијата за остварливост за развојот на финтек-секторот, коишто ги оствари Народната банка, со поддршка од ЕФСЕ.

На настанот учествуваа гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка, претставници на ЕФСЕ, надворешниот соработник кој ја подготви Студијата за остварливост и дел од испитаниците од Анкетата. Во Анкетата зедоа учество претставници на банки, компании коишто нудат финансиски услуги, компании за алтернативно финансирање, инкубатори, акцелератори и партнери за поддршка на малите бизниси, регулатори, државни институции и министерства.

Финтек-секторот може да донесе бројни придобивки за економијата, сметаат близу 90% од 220 испитаници.

Во своето обраќање, гувернерката на Народната банка посочи дека примената на иновативни решенија во финансиската сфера може да донесе огромни придобивки за граѓаните и компаниите, финансискиот систем и целокупната економија. Финтек-решенијата би овозможиле влез на нови учесници и деловни модели на пазарот, раст на конкуренцијата, раст на ефикасноста и трансформација на финансиските услуги.

„Во периодот што претстои, нашата енергија ќе ја насочиме кон активности за повеќе прашања поврзани со финтек-секторот, преку координација со сите засегнати страни во екосистемот. Исто така, планираме да му посветиме посебно внимание на развивањето ефективна регулатива за заштита на потрошувачите во областа на финансиските услуги. Истовремено, ќе работиме и на поставувањето критериуми за процесот на лиценцирање за новите учесници на пазарот. Ќе ја разгледаме можноста за обезбедување регулаторен простор за да можат компаниите да ги тестираат новите иновативни решенија во безбедно контролиран простор (англ. Regulatory Sandbox). Оваа регулаторна алатка има значителен потенцијал за поттикнување финансиско вклучување и за испраќање сигнал до учесниците во финтек-индустријата дека регулаторот е отворен за иновации. Сите овие прашања ќе бидат дел од првата Национална стратегија за финтек-секторот, како една од нашите стратешки цели во наредниот период“, истакна гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска.

Како што беше истакнато на настанот, ЕФСЕ има значителен придонес во развојот на финансиите во Северна Македонија, преку обезбедување заеми за развојни финансии во износ од 110 милиони евра и 36 остварени проекти за техничка помош. Уште од самиот почеток на соработката, ЕФСЕ нагласи дека развојот на финтек-секторот во нашата земја бара создавање побарувачка преку подигнување на свеста за примената на иновативни технологии во областа на финансиите, поддршка на иновациите, на претприемачите и иноваторите, напори за координација на сите засегнати страни и отстранување на пречките за развој преку регулаторни олеснувања.

Можеби ќе ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е столб за одржување на финансиската стабилност

M T

Гајдарџиски од регионалната конференција за енергетика: Македонија е лидер во енергетската транзиција

M T

ЕК: Банкарската регулатива и супервизијата што ја спроведува Народната банка е во согласност со највисоките европски стандарди

M T

Светска банка: Народната банка активно ја унапредува регулативната рамка за ефикасен и сигурен банкарски систем

M T

Ангеловска-Бежоска ‒ Азески: Мерките спроведени од Народната банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата

M T

Средба Шахпаска – Канем: Северна Македонија е лидер во регионот во унапредувањето на човековите права, родовата еднаквост и борбата против родово базираното насилство

M T