22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи и Галовеј потпишаа меморандум за следење на инфраструктурните проекти за подобар живот на граѓаните

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Рејчел Галовеј, денес го потпишаа Меморандумот за соработка за воспоставување на Централна единица за следење на инфраструктурни проекти, кој ќе се спроведе во соработка со Канцеларијата проектни услуги на Организацијата на Обединетите Нации.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека за овој проект е обезбедена поддршка од Владата на Обединетото Кралство, во вредност од 600 илјади британски фунти, а целта е да се придонесе во напорите на Владата да го зајакне спроведувањето на инфраструктурни проекти и инвестициите кои имаат силен инпакт врз економскиот раст, создавањето работни места, зачувувањето на животната средина и квалитетот на животот на граѓаните.

„Активностите ќе резултираат со воспоставуање на Централна единица за следење на инфраструктурните/инвестициските проекти која ќе го зајакнат институционалениот капацитет за управување и следење на реализацијата на проектите со големи размери. Нашите граѓани, независно каде живеат, заслужуваат подобри услови за живот: современи градинки и училишта, безбедни патишта, опремени и модерни болници, квалитетна комунална инфраструктура, здрав живот и чиста животна околина. Со доброто планирање и успешно спроведување на капиталните инфраструктурни и инвестициски проекти, ние го осигуруваме унапредувањето на квалитетот на живот во нашата држава. Граѓаните бараат резултати, ние тие резултати ги испорачуваме, и така и ќе продолжиме“, нагласи Битиќи.

„Еден дел е следењето на инфраструктурните/инвестициските проекти кој ќе се управуваат преку оваа Централна единица. Вториот дел е Менаџмент системот за државна помош кој веќе го најавивме и го работиме заедно со Светска Банка и треба да претставува една точка за контакт која ќе ја инкорпорира целата државнапомош која се спроведува преку 11 државни институции. Новината, или целта кон која работиме и која верувам дека вреди да ја оствариме е всушност инкорпорирање податоците од овие два система што ќе ни ја даде Централната единица за мониторинг или следење, која во реално време ќе ни дава транспаренти и отчетни податоци за ефикасноста и ефективноста за спроведувањето на економските политики во државата. На овој начин, секој денар на граѓаните ќе можеме да го следиме каде е отиден и кој ефект го има постигнато за да се врати назад кај граѓаните како добра инфраструктура, градинки, училишта, велосипедски патеки, нови отворени работни места“, подвлече Битиќи.

Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, во своето обраќање посочи дека секоја економија во светот зависи од сигурната инфраструктура што ги поврзува синџирите на набавка и овозможува ефективно движење на стоките и услугите во државата и надвор од неа.

„Инфраструктурата ги овозможува бизнисите, ги поврзува домаќинствата со работните места, здравството и образованието и создава можности за заедниците кои се соочуваат со тешкотии; ја заштитува нацијата од непредвидливата животна средина и опкружување. Од приватни ивестиции во телекомуникациски системи до енергетски проекти, јавниот превоз, водовод и канализација, згради и паркови – инфраструктурата е сржта на здравата економија“, изјави амбасадорката.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

M T

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на законот за рестриктивни мерки

M T

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

M T

Склучен меморандум за соработка меѓу Народна банка и Комисијата за спречување на корупција

M T