23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Петровска од Битола: Од општина со долгови, станавме финансиски стабилни и дониравме за здравствените институции

„Како град покажавме дека не само што станавме општина која е финансиски стабилна и може навреме да исплаќа сметки и долгови, туку станавме општина што успеа да даде и донации за здравствените институции на централно ниво во време на пандемија. Дадовме околу 100 илјади евра помош за здравствените институции“ кажа градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.

„Кога станав градоначалничка, наследив општина со над 12 милиони евра доспеани долгови, колабирана општина, со колабиран раст. Од самиот почеток, не само што почнавме да исплаќаме долгови, туку почнавме и да градиме“ кажа Петровска.

Таа додаде дека општината инвестирала во училиштата, менувала кровови, дограма, како и воспоставување на основни хигиенски услови за најмладите.

„Покажавме дека како општина сме отворени за сите категории на граѓани. Целата општинска зграда е адаптирана за лица со потешкотии, а исти зафати се преземаат и во образовните институции.“ кажа Петровска.

Градоначалничката на Битола кажа дека кога се кандидирала на претходните локлани избори, желбата ѝ била по 4 години да може гордо да застане пред своите сограѓани и да ги погледне во очи. Сега по изминатиот мандат, Петровска кажа дека си го исполнила чувството што си го поставила како цел, водејќи чесни, домаќински и одговорни политики.

„Битола почнавме да ја нарекуваме цветна Битола, затоа што никогаш претходно не била ваква. Само во изминатата година во Бтиола се поставени над 50 илјади цветни садници. Речиси и да не постои маало каде што не се поставени детски реквизите, а поставивме и над 90 илјади квадратни метри плочки, за да ги покриеме каллиштата што беа оставани со децении“ кажа Петровска.