Centar.mk
ЛОКАЛНО

Во Аеродром 420 граѓани ќе добијат субвенции за велосипеди

На јавниот повик за субвенционирање велосипеди, во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања, од кои 420 се прифатени, 2 одбиени поради нецелосни документи и 1 повлечено.

Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

„Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +