Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Поради протест, затворени за сообраќај неколку улици во Скопје

Поради протест, денес, 20 јули, ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Протестот е во организација на Здруженија на граѓани – коалиција „Менуваме“, а ќе почне во 18 часот пред Владата и ќе продолжи до Собранието.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14:30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул. 11 Октомври, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул. Илинден, десно по бул. ВМРО и лево по ул. Димитрие Чуповски, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК