13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОН: Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска.

“Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со илустации”, вели авторката Билјана Лазареска.

Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето, правата и слично.

“Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси”, вели Лазареска.

Имплементацијата на новата Концепција, која МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образование, стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосната имплементација на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години.

Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а исто така материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори, велат од министерството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ова ќе бидат најсреќните денови во септември, позициите на небото ќе бидат такви што се можни ЧУДА

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

КИНЕСКИ ХОРОСКОП – Еве кои знаци ги очекува голема добивка во септември

M T

За 73 отсто намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, продолжуваат засилените контроли (ВИДЕО)

M T

ОВИЕ 3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЛУДО ЌЕ СЕ ЗАЉУБАТ ВО СЕПТЕМВРИ: Ги очекува возбудлив месец

M T

Два концерти во организација на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Албанија

M T