Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Громот во Охрид удрил на неколку метри од брегот – повредени се 4 лица, а 9 претрпеле шок

Вчера од удар на гром на плажата Оревче во Охрид четири лица се здобија со изгореници, додека девет претрпеле шок или проблеми со слухот, соопшти охридската полиција.

Настанот се случи вчера напладне, кога гром удри во езерото на неколку метри од брегот.

Од менаџерскиот тим на плажата истакнаа дека полесно поведени биле неколку гости кои седеле на три до пет метри од водата.

„Во моментот на громот воопшто немаше невреме или голем дожд, па затоа ништо не навестуваше дека ќе има таков силен удар. Веднаш реагираше спасувачот ангажиран од наша страна преку Црвениот крст Охрид, а да помогнат притрчаа и дел од гостите кои останаа присебни. За неколку минути паниката беше смирена, а неколкумина со лесни изгореници заминаа на лекарски преглед“, велат од плажата Оревче.

Со оглед на лошите временски услови вчера на плажата немаше многу гости, а беше откажан и настапот на диџеите.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК