Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

(Видео) СДСМ: Почнуваме со активност врата до врата, пред домовите на нашите сограѓани

Од денеска започнуваме со нова фаза на интензивни теренски активности, СДСМ оди од врата до врата, пред домовите на нашите сограѓани. Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, секое семејство, да разговараме за сработеното но и да ги слушнеме нивните потреби, најави на прес-конференција организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Попов.

„Заеднички, со граѓаните ја креираме најдобрата програмската понуда на СДСМ за локалните избори. Понуда за граѓаните, која ќе го унапреди квалитетот на живот во секое населено место, во секоја општина. Предлозите, коментарите и барањата, кои ги добиваме на маалските и урбани средби, на граѓанските трибини, на средбите со целни групи, веќе ги систематизираме и анализираме. На ист начин ќе постапиме и со предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата“, рече Попов.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ВМРО-ДПМНЕ прави дефокус, нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

C +

Од вторник заладување со пообилни врнежи од дожд и снег

C +

Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот

C +