25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Интензивно работиме на формализација на секое работно место

„Справувањето со неформалната економија и потребата и значењето да се формализираат тие работни места како за работниците така и за општеството, се исклучително важни прашања и во регуларни услови, но тоа е особено важно во услови на ваква сериозна економска и здравствена криза предизвикана од пандемијата Ковид-19“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на промоцијата на кампањата за справување со непријавената работа „За да имаш подобар персонал – грижи се подобро за персоналот“, во организација на Меѓународната организација на трудот.

Осврнувајќи се на почетокот на кризата, Шахпаска истакна дека Владата, преку економските мерки, успеа да спаси најмалку 80.000 работни места и значајно да го ублажи падот на БДП, но нагласи дека комплицирано беше со оваа помош да бидат опфатени неформалните работници.

„Не беше лесно да се креираат мерки кои ќе ги таргетираат вработените во неформалната економија, бидејќи реално тие не беа дел од системот. И затоа е важна формализацијата на секое работно место, затоа што тоа значи сигурност, извесност но и начин на заштита на работничките права “, подвлече министерката Шахпаска.

Таа посочи дека Владата и Министерство за труд и социјална политика преземаат системски решенија за формализирање на неформалната економија, како што е Стратегијата за формализација на неформалната работа за периодот 2018-2022 година, преку која ќе се создаде сеопфатен и конзистентен систем за ефикасно намалување на неформално вработените, намалување на нерегистрираните деловни субјекти, како и намалување на неформалните активности во рамките на формалната економија.

„Нашата задача беше да создадеме таков економски амбиент во кој граѓаните ќе имаат одреден бенефит и сигурност доколку се дел од системот, наспроти неизвесноста што ја носи неформалната економија. И токму затоа оваа кампања ќе даде значаен придонес во подигнување на јавната свест за придобивките од формална работа и со тоа работниците да се дел од системот“, оцени министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека и во новиот системски закон за работни односи, на кој интензивно се работи во Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат вградени решенија кои ќе придонесат за намалување на неформалната економија.

„ Учеството на неформално вработените во вкупниот број на вработени во 2019 година изнесува 16.05 проценти и е намалено за 2.55 процентни поени во однос на 2018 година или за 3.85 процентни поени во споредба со 2015 година. Тоа е позитивен тренд кој ние ќе го продолжиме“, додаде Шахпаска и информираше дека се работи на мерки за формализација и на сезонската работа, особено во земјоделството.

На регулирање на неформалната економија, нагласи министерката Шахпаска, се работи и преку мерката за активација на пазарот на трудот во која се вклучени и Центрите за социјална работа кои заедно со АВРМ изработуваат индивидуален план за секое вработливо лице, а потоа преку преквалифакција и доквалификација се создаваат услови секое вработливо лице да добие соодветно работно место.

Можеби ќе ве интересира

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T

Средба Шахпаска-Григоријан: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

M T