Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Штипjанец се обидел со нож да ја убие малолетната вонбрачна сопруга

Oсновното јавно обвинителство Велес отвори истрага против 19-годишно лице од Штип за кривично дело убиство во обид при вршење семејно насилство.

Осомничениот Е. А. дошол во Велес заедно со својата вонбрачна 17-годишна сопруга во куќа на улицата Нада Бутникошарева, во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување го пробол девојчето три пати во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница по што заминал од куќата.

Судот на осомничениот му определи притвор од 30 дена.​

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК