Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Табановце за влез се чека околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На граничниот премин Табановце време на чекање за влез во државата околу 30 тина минути, од македонска страна, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +