Колективното застапување и експертиза на ОН го поддржаа напредокот на земјата во исполнувањето на обврските за родова еднаквост. Новите закони за спречување и заштита од дискриминација и за насилство врз жените се усогласени со меѓународните стандарди за човекови права, ЦЕДАВ и Истанбулската конвенција на Советот на Европа, се вели во извештајот на Обединетите нации за Република северна Македонија во 2020 година, ојбавен во мај годинава.
-Со поддршката на ОН се зајакна застапувањето и се создадоа посилни сојузи меѓу жените и теренските организации и националните и локалните власти за вклучување на родовите перспективи за родова еднаквост и соодветната национална стратегија и план за дејствување, како и за новите инкриминации во врска со жените и државно финансираниот надоместок за жртвите на сите форми на насилни кривични дела, вклучително и РБН и СН. ОН, исто така, ја поддржаа Владата во подготовката на вториот Национален акционен план (НАП) за Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН, од Агендата за жени, мир и безбедност, со стратешка рамка и оперативни планови за нејзиното спроведување, се вели во извештајот.
Според ОН застапеноста и учеството на жените во политиките и донесувањето одлуки се зголемија на национално и на локално ниво, меѓутоа, жените се застапени на ограничен број јавни функции и позиции на високо ниво. Централната и локалната власт сè повеќе ја вклучуваат родовата перспектива во политиките, програмите и буџетските распределби во повеќе сектори. Со поддршка на ОН, 14 министерства и 21 општина креираа родово-базирани политики и буџети, и по прв пат во нацрт-законот за буџет се вклучени родово одговорни принципи.
-Гласот на маргинализираните и исклучени жени, особено оние кои се соочуваат со интерсекциска и повеќекратна дискриминација, злоупотреба и насилство, стана повидлив преку застапување и подигање на свеста. При подготовката на родово сензитивен одговор на пандемијата, креаторите на политиките се потпираа на информациите од Брзата родова проценка за КОВИД-19, Студијата за мапирање на влијанието на КОВИД-19 врз социо-економската состојба на жените на локално ниво и анализата за родова прераспределба на буџетот, се вели во извештајот.
ОН ги оспособија давателите на услуги да применат мултидисциплинарен пристап со фокус на жртвите во справувањето со сите форми на насилство врз жените. Нови протоколи, две дополнителни прифатилишта, дигитални и иновативни решенија, како што е мобилната апликација „Биди безбедна“ за подигнување на свеста и пријавување на РБН и онлајн платформата за студентите да ја споделуваат својата работа на насилството врз жените и СН беа користени за поефективно да се надмине пандемијата во сенка со насилство врз жените.