Прес-конференција Соња Михаиловска, пратеничка на СДСМ и претседателка на Комисија за здравство:
Процесот на масовна имунизација против ковид 19 се одвива непречено и со засилено темпо низ целата држава.
Сега, секој граѓанин, без разлика дали има закажан термин за вакцинација или не, може да се вакцинира во некој од здравствените домови.
Паралелно, се одвива и процесот на теренска вакцинација во руралните средини, каде жителите на овие населени места се посетувани од мобилни здравствени екипи кои ќе вршат имунизација на населението.
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови во градовите, со локалната самоуправа и месните заедници.
Моменталната епидемилошка слика, доволниот број на вакцини, се идеални услови за што поголем број луѓе да се вакцинираат.
До вчера, вкупно се аплицирани над 676.000 дози вакцини, а ревакцинирани се над 248.000 граѓани.
Сите вакцини се безбедни по здравјето на граѓаните и ефикасно штитат од последиците од коронавирусот.
Затоа, ги охрабруваме сите граѓани кои не се вакцинирани, тоа да го направат што поскоро, затоа што само така ќе го заштитиме своето и јавното здравје и ќе ставиме конечен крај на пандемијата со коронавирусот.
Како одговорна партија продолжуваме со конкретни чекори кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем.