Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци на електричен тротинет, украденото вратено кај сопственикот

Две лица од Скопје биле лишени од слобода откако полицијата ги осомничила за кражба на електричен тротинет.

Според МВР, вчера полициски службеници од Скопје, ги лишиле од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10.07.2021 за одземен електричен тротинет.

Кај нив, во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот.

Тротинетот е вратен на А.И., а двете лица се приведени во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН ПОЛИЦАЈЦИ НА ДОЛЖНОСТ ВО ПРИЛЕП – Приведен 54-годишник по пријава за нарушување на јавниот ред и мир

ДЕСК

СО 1,60 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ЗАД ВОЛАН ВО БИТОЛА – Полицијата приведе 40-годишник кој управувал „сузуки“

ДЕСК

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕСИ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД И ДЕВИЧ – Пронајдени 15 парчиња маневарска муниција, приведен 61-годишник

ДЕСК